
Иран најавува драстични промени за контролата на пловидбата низ Ормутскиот теснец, една од најкритичните светски траси за транспорт на нафта. Според иранските власти, новиот закон предвидува воведување такси за премин и можни забрани за бродови од САД, Европската Унија и други земји кои го казниле Техеран со санкции.
Безбедносниот комитет на иранскиот парламент веќе го одобри предлог-законот, кој наскоро ќе биде ставен на расправа пред пратениците. Според изјавите на Моџтаба Сари, новите мерки предвидуваат и ограничување на пристапот за бродови што се сметаат за „непријателски“, што би значело целосна блокада за пловила од земји со тензични односи со Иран.
Медиумите во Иран, како што е Fars, нагласуваат дека преминот би се наплаќал во домашната валута, ирански ријал, што аналитичарите го гледаат како обид за зајакнување на националната валута и стратегија за заобиколување на меѓународните санкции.























