
Претреси во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, следува соодветна пријава
На 30.03.2026 во 18:30 во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Љ.Ѓ.(39) од Гостивар. При претреси во неговиот дом и помошни простории на ул. „Балиндолска“ и во негов стан на ул.„Илинденска“, извршени со судска наредба, пронајдени се и одземени 13 кесички со бела прашкаста материја, дигитална вага, околу 150 парчиња муниција од различен калибар, еден сигнален пиштол, патрони за ловечка пушка и една воздушна пушка.
По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.























