УТРО.мк

Иран изврши масовен ракетен напад врз Обединетите Арапски Емирати, има жртви и повредени

Иран изврши масовен ракетен напад врз Обединетите Арапски Емирати, има жртви и повредени
Vero

Три лица загинаа, а најмалку 58 се повредени во иранските одмазднички напади врз Обединетите Арапски Емирати, соопшти Министерството за одбрана на земјата.

Според официјалните информации, загинатите се државјани на Пакистан, Непал и Бангладеш, кои го загубиле животот откако беспилотни летала ја пробиле воздушната одбрана и предизвикале штета на територијата на Емиратите.

Властите наведуваат дека Иран лансирал вкупно 165 балистички ракети кон земјата. Од нив, 152 биле пресретнати и уништени од противвоздушната одбрана, додека 13 паднале во морето. Дополнително, биле откриени и неутрализирани уште две крстосувачки ракети.

Во нападот биле употребени и 541 беспилотни летала. Според извештајот, 506 биле пресретнати, додека 35 паднале на територијата на Емиратите.

„Како резултат на пресретнувањето на балистички ракети и беспилотни летала, нивните остатоци паднале во различни области на земјата, предизвикувајќи мала и умерена материјална штета на бројни цивилни објекти“, соопшти Министерството за одбрана.

Надлежните информираат дека безбедносните служби продолжуваат со проценка на штетите и расчистување на погодените подрачја.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран