УТРО.мк

Иран го одбива договорот за прекин на огнот предложен од САД

Иран го одбива договорот за прекин на огнот предложен од САД
Vero

Иранските власти остро ги демантираа изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран наводно бара начин за прекин на конфликтот на Блискиот Исток.

Во телевизиско обраќање до јавноста, портпаролот на иранските вооружени сили, Ебрахим Золфагари, ги оцени американските тврдења како целосно неосновани, истакнувајќи дека САД, како што рече, „водат разговори сами со себе“. Според него, наративот за американска „стратешка надмоќ“ се распаѓа и се претвора во доказ за неуспех, додека Вашингтон се обидува да го претстави како дипломатска победа.

Золфагари беше дециден дека позицијата на Иран останува цврста и непроменета. Тој нагласи дека Техеран нема намера да прифаќа договори под притисок или во услови што ги диктираат САД, додавајќи дека договор меѓу двете земји не е опција – ниту во сегашноста, ниту во иднина.

Неговите изјави следуваат по информациите дека администрацијата на Трамп предложила план од 15 точки за прекин на огнот, кој, според извештаите, бил експресно одбиен од иранска страна.

Во исто време, ситуацијата на терен дополнително се заострува. Корпусот на исламската револуционерна гарда соопшти дека спровел серија ракетни и дронски напади врз цели во Израел, меѓу кои и во Тел Авив.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран