УТРО.мк

Германија брзо ја подготвува одбранбената стратегија: Дали ова беше последното мирно лето во Европа?

Германија брзо ја подготвува одбранбената стратегија: Дали ова беше последното мирно лето во Европа?
Vero

Оперативниот план на Германија (OPLAN DEU), долго време строго доверлив, предвидува Германија да стане клучно чвориште за одбрана на НАТО во случај на конфликт, слично како за време на Студената војна. Документ од 1.200 страници предвидува премин на до 800.000 НАТО војници преку германска територија ако Русија нападне. Планот е подготвен пред две и пол години, а сега се извршува забрзано поради проценката дека Русија би можела да нападне членка на НАТО веќе од 2028 година.

Целта на планот е брзо донесување политички одлуки и обезбедување „брза акција“ во кризни ситуации. Планот комбинира цивилни и воени функции, но неговото спроведување може да биде отежнато поради стара инфраструктура, тесни тунели, стари мостови, ограничени воени капацитети и слабa координација со цивилниот сектор.

Крајот на септември бил изведен тест „Црвена олуја Браво“ во Хамбург, за симулација на движење на НАТО трупи. Во пракса, колоната за два часа поминала помалку од 10 километри поради големи растојанија меѓу возилата, симулирани дронови и лажни протести.

Една од најголемите закани според планот е саботажата на критичната инфраструктура, при што се користат дронови за надзор и заштита на патишта, пруги и пристаништа. И покрај тоа, постојат технички, правни и организациски ограничувања за нивна употреба.

Германските официјални лица предупредуваат дека Русија брзо ги обновува арсеналите и дека напад на НАТО може да следи порано од очекуваното. Воени експерти проценуваат дека Русија ќе биде способна да нападне источна членка на НАТО од 2028–2029 година, што го прави минатото лето можеби последното мирно лето во Европа.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран