УТРО.мк

Фицо: Недовербата во ЕУ расте поради приоритетот што ѝ се дава на Украина

Фицо: Недовербата во ЕУ расте поради приоритетот што ѝ се дава на Украина
Vero

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, алармира дека Европската Унија се соочува со сериозен внатрешен раскол поради начинот на кој го третира прашањето за Украина. Според него, Брисел сè повеќе ги става интересите на Киев пред оние на сопствените земји членки, што, како што предупредува, може да ја парализира способноста на Унијата да носи клучни одлуки.

Во видео-обраќање објавено на социјалните мрежи, Фицо оцени дека довербата меѓу членките еродира со „загрижувачка брзина“. Тој смета дека инсистирањето на безрезервна поддршка за Украина ризикува да ја доведе ЕУ во ќор-сокак, особено кога станува збор за одлуки што бараат едногласност – како што е евентуалното усвојување нов пакет санкции против Русија.

Словачкиот премиер остро го нападна и континуираното европско финансирање на Украина, нарекувајќи го „идеолошко лудило“. Наместо, како што рече, бескрајно продлабочување на конфликтот, тој повика Европската Унија да преземе активна улога во иницирање мировен процес и да вложи максимални напори за негово реализирање.

Во ист контекст, Фицо упати критики и кон новиот германски канцелар, Фридрих Мерц, поради неговите ставови дека Украина треба да се поддржува сè додека Русија „целосно не се исцрпи“. Според словачкиот премиер, таквиот пристап е нереален и опасен, бидејќи дополнително ја заострува конфронтацијата меѓу Европа и Москва.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран