УТРО.мк

ЕЛИТНА АКЦИЈА ВО СРЦЕТО НА ИРАН: Единицата „Фоки“ и ЦИА извлекоа офицер во спектакуларна операција под оган

ЕЛИТНА АКЦИЈА ВО СРЦЕТО НА ИРАН: Единицата „Фоки“ и ЦИА извлекоа офицер во спектакуларна операција под оган
Vero

Во една од најризичните и најдраматични воени операции во последните години, американските специјални сили успеаја да извлечат офицер длабоко во територија на Иран, откако неговиот борбен авион Ф-15 Eagle бил соборен од иранската противвоздушна одбрана.
Операцијата, која американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша како „една од најсмелите во историјата“, се одвивала во екстремно опасни услови, со постојана закана од иранските сили кои паралелно се обидувале да го пронајдат пилотот.


Според информациите, авионот бил погоден за време на интензивните воени операции, по што двајцата членови на екипажот – пилотот и офицерот за оружни системи – се катапултирале и успеале да воспостават контакт.


Едниот член бил извлечен релативно брзо, но вториот, висок офицер, останал „длабоко во непријателска територија“, каде со денови избегнувал заробување, додека Иран дури понудил награда за негово фаќање.


Во меѓувреме, започнала комплексна операција во која биле вклучени елитни единици – специјалните сили на американската морнарица („фоки“), како и разузнавачки структури на ЦИА. За да се збуни противникот, ЦИА спровела и дезинформациска кампања, ширејќи лажни информации дека пилотот веќе е извлечен.


Спасувачката мисија била изведена со десетици авиони и хеликоптери, со 24-часовен надзор од воздух, а во текот на операцијата дошло и до директни престрелки со иранските сили.


Иранските власти тврдат дека за време на акцијата биле соборени повеќе американски летала, вклучувајќи транспортен авион Ц-130 и два „Блек Хок“ хеликоптери, што дополнително ја нагласува жестината на судирот.


Американските извори, пак, потврдуваат дека дел од леталата биле уништени од самите сили за да не паднат во рацете на непријателот, поради чувствителната технологија што ја носеле.
И покрај сите ризици, операцијата завршила успешно – и вториот член на екипажот бил извлечен, иако повреден, но надвор од животна опасност.

Претседателот Доналд Трамп и неговите најблиски соработници ја следеле акцијата во живо од ситуационата соба во Белата куќа. Министерот за одбрана, Пит Хегсет, редовно го известувал претседателот за секој чекор на специјалците на терен. По успешното извлекување, сите американски сили ја напуштиле територијата на Иран.


Овој настан доаѓа во ек на конфликтот меѓу САД и Израел против Иран, кој веќе влегува во шестата недела и носи сериозни последици, вклучително и десетици загинати војници и стотици повредени.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран