Главниот нафтовод Рјазан-Москва, кој е клучен за снабдување на рускиот главен град со нафтени производи, експлодираше вчера во Рјазанскиот регион, објави Укринформ повикувајќи се на украински извори од Службата за одбранбено-разузнавање (ДИУ).
Силната експлозија предизвикала пожар, а на терен се испратени пожарникари и амбулантни возила за справување со ситуацијата. Жителите пријавиле присуство на полиција и други служби во селото Божатково, кои работат на отстранување на последиците од инцидентот.
Според извештаите, од 2018 година нафтоводот е пренаменет за снабдување со бензинско гориво на компанијата Транснефт, која обезбедува и гориво за руската армија. Поради експлозијата, протокот на нафтени производи кон Москва е суспендиран на неодредено време.