Новиот чешки премиер,Андреј Бабиш, изјави дека ЕУ треба итно да ја прошири Шенген зоната кон земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека тоа е неопходно за заштита на Европа од шверцери кои злоупотребуваат мигранти. „Не разбирам зошто ЕУ одамна не одлучи да ја прошири Шенген зоната за земјите од Западен Балкан, за да можеме да ја браниме нашата Европа“, рече Бабиш.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Тој објави дека на агендата на првата работна седница на новата чешка влада ќе бидат вклучени итни европски прашања, меѓу кои и отфрлање на новите дозволи за емисии од ЕТС2, новиот зелен данок, како и пактот за миграција. Бабиш истакна дека Чешка ќе учествува на самитот на земјите што ги отфрлаат новите европски решенија за миграцијата, организиран од Данска, а во среда ќе се сретне со лидерите на земјите од Западен Балкан.
Во однос на Украина, Бабиш најави дека Чешка ќе продолжи со хуманитарна помош, но не се изјасни за користењето на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина. Премиерот апелираше за прекин на огнот и за мировни решенија, нагласувајќи дека илјадници војници продолжуваат да умираат секоја недела. „Секоја војна е лоша и треба да се потсетиме на Втората светска војна, која однесе огромен број жртви. Европа треба да почне да зборува за мир, а не за војна“, додаде Бабиш.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph



























