Германија ќе испрати контингент војници во Полска со цел да помогне во зајакнувањето на безбедноста на источната граница, во време на зголемена загриженост поради безбедносните закани од Русија.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Како што соопшти портпарол на германското Министерство за одбрана, ангажманот на припадниците на Бундесверот ќе биде ограничен на инженерски задачи. Тие ќе работат на изградба на утврдувања, копање ровови, поставување бодликава жица и изработка на противтенковски пречки.
Контингентот ќе брои околу 50 војници, а мисијата е планирано да започне во вториот квартал од наредната година и да трае до крајот на 2027 година.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Од Министерството нагласуваат дека за ова распоредување не е потребно одобрување од германскиот парламент, бидејќи војниците нема да бидат изложени на директен вооружен конфликт или ризик по нивниот живот и здравје. Вообичаено, секое испраќање германски сили во странство бара парламентарна согласност, освен во вакви случаи.
Полска, која важи за еден од најгласните поддржувачи на Украина во конфликтот со Русија, во мај најави дополнителни мерки за зајакнување на границите со Белорусија и руската енклава Калининград.
Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph



























