Автобус што превезувал навивачи на фудбалскиот клуб „Барселона“ вечерва се запали во Бриж, во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите против домаќинот „Бриж“. Во инцидентот нема повредени, јави белгискиот јавен сервис ВРТ.
Пожарот избувнал додека возилото се движело кон стадионот „Јан Брејдел“. Според првичните информации, огнот бил предизвикан од едно лице кое носело пиротехнички средства. Осомничениот е приведен од полицијата.
Противпожарните служби брзо интервенирале и го изгаснале пожарот, а навивачите од автобусот биле безбедно евакуирани. Се очекуваат дополнителни информации по истрагата.























