УТРО.мк

Авион на „Туркиш Ерлајнс“ итно приземјен во Барселона по дојава за бомба

Авион на „Туркиш Ерлајнс“ итно приземјен во Барселона по дојава за бомба
Vero
avion
avion

Патнички авион на „Туркиш Ерлајнс“, кој сообраќал на линијата Истанбул–Барселона, денеска беше принуден на итно слетување на аеродромот Барселона–Ел Прат откако беше пријавена бомбашка закана за време на летот.

И покрај сериозноста на инцидентот, од шпанскиот аеродромски оператор АЕНА соопштија дека воздушниот сообраќај не бил прекинат и дека аеродромот функционирал нормално.

Според информациите на шпанската полиција, веднаш е отворена истрага, но засега не се соопштуваат дополнителни детали. Медиумите, повикувајќи се на извори од Ројтерс и турски портали, наведуваат дека авионот бил пренасочен од безбедносни причини откако еден од патниците наводно отворил безжична интернет-мрежа во авионот и во нејзиното име вметнал порака со закана за бомба.

Инцидентот се случил во завршната фаза од летот, додека авионот се приближувал кон Барселона, потврди директорот за комуникации на „Туркиш Ерлајнс“, Јахја Устун.

По безбедното приземјување, на терен веднаш биле активирани стандардните безбедносни протоколи. На снимки кои кружат на социјалните мрежи може да се види како полициски службеници, заедно со кучиња трагачи, детално го проверуваат багажот на патниците.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран