
Европската агенција за безбедност во авијацијата (EASA) издаде итно предупредување до авиокомпаниите да го избегнуваат воздушниот простор над Иран, поради значително зголемени безбедносни ризици.

Според предупредувањето, зголемената готовност на иранските системи за воздушна одбрана и опасноста од погрешна идентификација на цивилни летала претставуваат сериозна закана за безбедноста на авионскиот сообраќај во регионот, особено во воздушниот простор околу Техеран.
ЕASA наведува дека постои реален ризик цивилни авиони да бидат третирани како потенцијална закана, што може да доведе до трагични последици, поради што се очекуваат пренасочувања, откажувања и доцнења на летови на релациите меѓу Европа, Блискиот Исток и Азија.
Авиокомпаниите веќе почнаа да ги менуваат рутите за да го заобиколат иранскиот воздушен простор, што ќе резултира со подолги летови и дополнителни трошоци, но и со зголемени мерки за безбедност на патниците.
Ова предупредување доаѓа во момент на засилени тензии на Блискиот Исток, каде што секоја грешка или недоразбирање може да има сериозни последици не само за регионот, туку и за глобалната авијација.



























