
Извор: Index.hr
Рекордната поддршка за крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АФД) повторно ја разбранува политичката сцена во Германија, откако нова анкета на INSA ѝ припиша 28%, највисоко ниво досега и сигнал дека партијата станува клучен фактор.
ЦДУ на канцеларот Фридрих Мерц останува на 24%, СПД има 14%, Зелените паѓаат на 12%, а Левицата е на 11%. Со тоа АФД е втора политичка сила и ја зголемува разликата со конзервативците.
Иако порано важеше за источногермански феномен, АФД ја шири поддршката и на запад. На изборите во 2025 освои 20,8%, а на регионални избори значително напредуваше и во побогати покраини како Баден-Виртемберг и Рајнланд-Пфалц. Во тек е „супер изборна година“ до 2026, што дополнително ја засилува нејзината видливост.
Партијата, предводена од Алис Вајдел, останува контроверзна поради остри ставови за имиграцијата, исламот и ЕУ, како и обвинувања за екстремно десничарска реторика и историски ревизионизам. Дел од критиките се однесуваат и на евроскептични позиции, вклучително идеи за можен излез од ЕУ.
Растот на поддршката аналитичарите го поврзуваат со незадоволство од традиционалните партии и со безбедносни стравови, вклучително загриженост за воени тензии во Европа и зголемени трошоци за одбрана. Тоа ѝ носи поддршка како „антисистемска“ алтернатива.
И покрај растот, AfD останува изолирана од власта. Сите големи партии одбиваат коалиција со неа според политичкиот „Brandmauer“ против крајната десница. Мерц потврдува дека CDU нема да соработува со АФД, иако на локално ниво веќе има ограничени и технички форми на контакт.
Отворена останува дилемата дали изолацијата ја намалува или ја засилува радикалноста на партијата, како и дали евентуално учество во власт би ја умерило или би ги потресло институциите.
Иако хипотетички, АФД н власт би значела големи промени во миграцијата, односите со ЕУ и внатрешните политики, вклучително построги мерки за депортација и ограничување на миграцијата.























