УТРО.мк

ВЛЕН: ДУИ ја даде дозволата за депонијата во Трубарево, граѓаните бараат одговорност

ВЛЕН: ДУИ ја даде дозволата за депонијата во Трубарево, граѓаните бараат одговорност
Vero

Пратеникот и лидер на ВЛЕН, Изет Меџити, ја посочи ДУИ како главен виновник за еколошката катастрофа што ја доживува Скопје и цела Северна Македонија, поради дозволата за работа на депонијата за електронски отпад во Трубарево, веднаш до населено место.

Според информациите, дозволата ја потпишал министер – личен избор на Али Ахмети и близок соработник на Булар Османи. ВЛЕН нагласува дека ДУИ управуваше со екологијата во земјата 20 години, за време на кои се создадени илјадници нелегални депонии низ државата, вклучувајќи и централни локации во Тетово, Кичево, Струга и околината на Скопје.

„Доколку Скопје денес се задушува во чад и отров, тоа е директна последица на владеењето на ДУИ и нефункционирањето на институциите под нивна контрола“, истакнуваат од ВЛЕН.

ВЛЕН додава дека додека граѓаните живееле во загаден воздух и токсична почва, функционерите на ДУИ инвестирале во трговски центри, фотоволтаични централи и нафтени бизниси. „ДУИ нема право да зборува за екологија. Таа партија е симбол на партизација, корупција и урбан хаос“, заклучуваат од ВЛЕН.

На 19 октомври, ВЛЕН повикува граѓаните да гласаат за власти што ќе го вратат чистиот воздух, ќе ги затворат нелегалните депонии и ќе воспостават ред во управувањето со отпадот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран