
Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали.
Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми, освојувајќи го златниот медал и првото место на подиумот.
Успехот го надополни Абдул Азиз Азизи, кој освои сребрен медал во категоријата до 62 килограми, додека Мирах Мустафа се закити со бронза во конкуренција до 17 години, во категоријата до 55 килограми.
Трите медали се резултат на трудот, дисциплината и борбениот дух на младите борачи, кои, како што посочува Меџити, ги претставуваа клубот ШКУПИ, Чаир и репрезентацијата на Македонија.
Заслугите за успехот се и на тренерите Јасин Реџалари и Бунјамин Ебипи, кои го предводеа тимот и го подготвија за настапот на Балканското првенство.
„Честитки, шампиони! Од Чаир до балканскиот подиум, со крената глава!“, порача Меџити.























