УТРО.мк

Меџити: Чаир добива модерни улици и осветлување

Меџити: Чаир добива модерни улици и осветлување
Vero

Нов асфалт, стандардизирани тротоари и јавно осветлување се дел од проектот што се реализира на улицата „Методија Митевски“, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Како што соопштија од општината, денеска е извршено асфалтирање на улицата, по претходно уредување и стандардизација на тротоарите. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата, како и зголемување на безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот.

Работите ќе продолжат со завршната фаза, која предвидува поставување на јавно осветлување, со што просторот ќе стане побезбеден и пофункционален за жителите.

„Во Чаир се реализираат конкретни проекти. Реални инвестиции и стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор повеќе кон поразвиена и побезбедна општина,“ изјави Меџити.

Од Општина Чаир најавуваат дека во наредниот период ќе се работи со ист интензитет и на асфалтирање на други улици предвидени во рамки на овој инфраструктурен проект.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран