УТРО.мк

Изет Меџити: Улицата 157 во населба Гази Баба добива современ лик

Изет Меџити: Улицата 157 во населба Гази Баба добива современ лик
Vero

Интензивно продолжуваат градежните активности на улицата 157 во општина Гази Баба, каде што во тек е целосна реконструкција и модернизација на инфраструктурата.

Проектот не опфаќа само обнова на коловозот, туку и изградба на нови водоводни и атмосферски мрежи, како и поставување на современо улично осветлување, што ќе обезбеди побезбедна и современа инфраструктура за жителите.

Денес се изведува главното приклучување на новиот водоводен цевковод, што претставува една од најважните фази од проектот. Во наредните денови екипите ќе продолжат со приклучувањето на индивидуалните домаќинства, по што ќе започне и финалната фаза – асфалтирањето на улицата.

Со завршувањето на овој проект, граѓаните на Гази Баба ќе добијат значително подобрени услови за живот и движење, а општината потврдува дека инвестициите во локалната инфраструктура продолжуваат.

„Продолжуваме со работа – инвестиции за Чаир и за подобра иднина на нашите граѓани,“ стои во пораката од локалната самоуправа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран