УТРО.мк

Ѓорѓиевски: За модерен Бутел и развиено Скопје

Ѓорѓиевски: За модерен Бутел и развиено Скопје
Vero

Вечерва Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, се сретна со жителите на Радишани, заедно со сегашниот градоначалник на Бутел Дарко Костовски и министерот Панче Тошковски. На средбата беа слушнати идеи и предлози од граѓаните за подобрување на локалната инфраструктура и квалитетот на животот во општината.

Ѓорѓиевски потенцираше дека главната цел е да се работи за модернизација на Бутел и развој на Скопје како организирано и уредено место за живеење. Во план се изградба на мега парк кај булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ и вложувања во инфраструктурата со цел да се подобри секојдневниот живот на граѓаните.

„Големата и искрена поддршка што ја добиваме од вас ни дава огромен мотив да продолжиме уште посилно. За општина Бутел, за Скопје – за најдоброто кое допрва доаѓа!“, порача Ѓорѓиевски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран