УТРО.мк

Во понеделник седница на Советот на Битола: буџет за 2026, ФК „Пелистер“ и поддршка за здруженија

Во понеделник седница на Советот на Битола: буџет за 2026, ФК „Пелистер“ и поддршка за здруженија
Vero

За в понеделник, 29 декември, закажана е 4-та седница на Советот на Општина Битола, на која советниците ќе расправаат по вкупно 87 точки на дневниот ред.

Како прва точка е предвидено донесување заклучоци против дезинформациите поврзани со наводни мигрантски кампови. На дневен ред ќе се најде и Одлука за давање согласност и овластување за потпишување прелиминарен преддоговор за стратешко и инвестициско партнерство на ФК „Пелистер“ АД Битола.

Советот ќе одлучува и за давање на користење без надоместок простории во сопственост на Општина Битола, за период од 10 години, на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ Битола, КУД „Илинден“ Битола, Асоцијацијата за фолклор „Плетенка“ Битола и Здружението Ансамбл за фолклор „Гоце Делчев“ Битола.

Дополнително, ќе се разгледуваат и одлуки за користење без надоместок простории за период од три години за Центарот за развој на Ромската заедница „Баирска светлина“ Битола, како и за период од две години за Здружението на пензионери на Битола.

На последната седница на Советот во оваа календарска година, пред советниците ќе се најде и Буџетот на Општина Битола за 2026 година.

Од денеска започнаа и комисиските расправи, кои, како и седниците на Советот, можат да се следат во живо преку официјалниот Јутјуб канал на Општина Битола.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран