УТРО.мк

ВЛЕН ја деблокира иднината – Коридорот 8 конечно се реализира со забрзано темпо

ВЛЕН ја деблокира иднината – Коридорот 8 конечно се реализира со забрзано темпо
Vero

Коридорот 8, еден од најстратешките инфраструктурни проекти за Република Северна Македонија, конечно добива вистински замав. Со пуштањето во употреба на делница од автопатот Кичево–Охрид, Владата предводена од ВЛЕН го демонстрира своето јасно определување за решавање на децениски застои и изградба на модерна, европска инфраструктура.

Проектот, кој со години беше симбол на застој, неефикасност и сомнежи за злоупотреби, сега се реализира со нова енергија, транспарентно, одговорно и без сенки. Тоа е резултат на новиот начин на управување – ефикасен, со јасен фокус и волја за промени.

За ВЛЕН, Коридорот 8 не е само автопат. Тој е економски артерија што ќе го поврзе западот со истокот, ќе ја засили регионалната соработка, ќе го поттикне туризмот и трговијата и ќе го олесни животот на граѓаните. Новоотворениот сегмент значително го скратува патувањето до границата со Албанија, претворајќи го овој проект во директна корист за граѓаните.

Ова е само почеток. Владата предводена од ВЛЕН е цврсто решена да ги турка напред сите важни национални проекти, да обезбеди еднаков развој во сите региони, и конечно, да го врати чувството на доверба и надеж кај граѓаните.

„Граѓаните заслужуваат европска инфраструктура – тука, во својата татковина. И тоа сега станува реалност“, порачуваат од ВЛЕН.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран