УТРО.мк

ВИДЕО: Мартин Гоџо повторно го фати светиот крст во Охридското Езеро

ВИДЕО: Мартин Гоџо повторно го фати светиот крст во Охридското Езеро
Vero

Мартин Гоџо од Варош го фати светиот крст на празникот Богојавление – Водици, положен денеска во осветените води на Охридското Езеро. Тој беше најсреќниот меѓу стотината верници кои влегоа во езерото за традиционалниот ритуал.

На свеченоста присуствуваа неколку илјади верници и туристи, а по крстот во водите на Охрид влегоа околу стотина учесници.

„Би сакал да го честитам големиот христијански празник, Богојавление – Водици, за Охрид најголем празник. Драго ми е што имавме прекрасен ден со повеќе од 20.000 присутни на градското пристаниште, многу туристи и странци, што значи многу за развојот на градот и туризмот. Ова што го прави општината предводена од градоначалникот Пецаков со поддршка од Владата ќе продолжи да дава резултати и во иднина. Честитки до оној кој го фати крстот и му посакувам здравје, среќа и убави работи во текот на годината“, рече Николоски.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран