
Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу денеска преку социјалните мрежи соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата. Алиу оставката ја поднел до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, а ја сподели во објава на својот фејсбук профил.
Тој посочува дека оставката доаѓа како одраз на негова лична и професионална анализа, нагласувајќи дека ценел дека во овој период е најсоодветно да го продолжи својот придонес во академското поле.
-Почитуван Претседател на Владата, Со ова писмо сакам да Ве известам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата заменик министер во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Мојата оставка доаѓа како одраз на моја лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период е најсоодветно да го продолжам својот придонес во академското поле, во мојата истажувако-научна работа, како и посветеност кон семејството, вели тој.
Алиу на Владата посакува понатамошни успсеси во работата и упатува благодарност за довербата и за можноста што му била укажана да служи на оваа одговорна позиција.



























