
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (21 јануари) без електрична енергија ќе останат неколку делови од Тетово и четири села во тетовскиот регион.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе има во дел од град Тетово, и тоа објекти лоцирани на улицата „29 Ноември“, во близина на Градската болница, како и објектите на ЗИК Ладилник и ЗИК Млекара.
Во исто време, од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат и селата Беловиште и Вратница, како и месноста викана Честодубје.
Дополнително, од 09:00 до 14:30 часот, прекин на електричната енергија ќе има во дел од селото Порој, на објектите кои се наоѓаат покрај патот кон селото Ѓермо, како и во дел од селото Доброште, каде прекинот ќе трае од 09:30 до 14:30 часот.



























