
ТЕТОВО – Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (17.02.2026) дел од Тетово и неколку тетовски села ќе останат без електрична енергија во одредени временски интервали.
Во Тетово, прекин на струјата ќе има од 08:50 до 14:00 часот во објектите на Стар ЗИК – ладилник и ЗИК Млекара.
Во село Лешок, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од објектите кои се наоѓаат на влезот во селото, над маркетот „Кипер“.
Во село Теарце, од 09:00 до 14:00 часот прекин ќе има кај објектите во близина на реката, а дополнителен прекин е најавен од 09:30 до 14:00 часот.
Во село Доброште, од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат објектите што се наоѓаат над новата џамија.
Во село Желино, од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од објектите од центарот кон Горната џамија.
Во село Брезно, прекинот е најавен од 09:30 до 14:00 часот.






















