УТРО.мк

Тоневски: Инвестираме 4,6 милиони денари во СОУ „Наум Наумовски-Борче“

Тоневски: Инвестираме 4,6 милиони денари во СОУ „Наум Наумовски-Борче“
Vero

Општина Пробиштип ќе реализира значајна инвестиција во СОУ „Наум Наумовски-Борче“, со која ќе се подобрат условите за учениците и наставниот кадар, како и спортската инфраструктура во училиштето.

Како што информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска е потпишан договорот за реализација на проектот, чија вкупна вредност изнесува 4.679.290 денари.

„Проектот опфаќа набавка и поставување на нов, резервен котел, со што ќе обезбедиме сигурна и ефикасна грејна сезона за учениците и наставниот кадар“, информира Тоневски.

Во рамки на проектот е предвидена и целосна реконструкција на ракометното игралиште. Ќе биде поставена нова спортска подлога, ќе се обнови заштитната мрежа, а ќе се санираат трибините и ќе бидат поставени нови столчиња.

Предвидено е и поставување нови рефлектори, со што спортскиот терен треба да добие подобри услови за користење.

Најголемиот дел од средствата се обезбедени од Центарот за развој на Источниот плански регион преку Бирото за рамномерен регионален развој, додека околу 180.000 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Пробиштип.

Изведувач на работите ќе биде „Коп Инженеринг“, додека надзорот ќе го врши „Евро Консалтинг“.

Тоневски посочи дека станува збор за уште една инвестиција насочена кон подобрување на условите во образованието и спортот, со фокус на младите.

„Продолжуваме да работиме и да инвестираме во сите области – за подобар Пробиштип и за сите наши граѓани“, порача Тоневски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin