Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека градоначалникот на општина Липково побарал воздушно дејствување за пожарот што избувна помеѓу селата Никуштак и Орланци. Барањето е процесуирано до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и до Национални шуми.
Пожарот се наоѓа во сосема непристапно подрачје на страната од Скопска Црна Гора, каде нема патишта и не е можно пешадиско гаснење. ЦУК информира дека во моментов сите летала се ангажирани на големиот пожар во Беровско, но доколку попладнето не бидат потребни таму, ќе бидат преупатени да интервенираат во Липковско.
Покрај тоа, пожарот во близина на село Русиново во општина Берово, кој е активен на местото викано Безгашево, зафатил дабова и букова шума и папрат, додаваат од ЦУК.