УТРО.мк

УМС Пробиштип ја продолжи традицијата со турнир во мал фудбал за 8 Септември

УМС Пробиштип ја продолжи традицијата со турнир во мал фудбал за 8 Септември
Vero

По повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, во Пробиштип се одржа традиционалниот турнир во мал фудбал, за кој Унијата на млади сили – Пробиштип одржува континуитет од 2016 година.

На турнирот учествуваа осум екипи, додека во финалето силите ги одмерија тимовите Горун и Стара Гарда, а титулата прво место ја освои екипата Горун. За најдобар играч беше прогласен Иса Дурмишов, кој се истакна со својата игра и придонес кон победата. Турнирот поминал во спортска атмосфера и дружба.

Организаторите нагласија дека турнирот, започнат како локална иницијатива, прерасна во традиција која ги зближува граѓаните и достоинствено го одбележува празникот на независноста. Нивната цел е преку вакви активности да се поттикнува младинската енергија, да се негува спортската култура и да се создава заедништво меѓу сите генерации.

„Со спорт и заедништво – ја славиме независна Македонија“, порачуваат од УМС Пробиштип.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран