УТРО.мк

Проданоски: Прилеп подготвен за Св. Никола – над 25.000 светиниколски сармички и богата празнична програма

Проданоски: Прилеп подготвен за Св. Никола – над 25.000 светиниколски сармички и богата празнична програма
Vero

Прилеп е целосно подготвен за одбележувањето на патрониот празник на градот – Св. Никола, со почитување на вековната традиција и силен дух на заедништво. Во пресрет на градската слава, околу 40 жени од четири прилепски здруженија – „Китка“, „Мајка Традиција“, „Преродба“ и „Орхидеја“ – започнаа со подготовка на препознатливите светиниколски мали сармички, кулинарски специјалитет карактеристичен само за Прилеп. Годинава ќе бидат подготвени повеќе од 25.000 посни сармички.

Градоначалникот Дејан Проданоски, заедно со претставници на овогодишните домаќини на градската слава, компаниите „Матадор“ и „Бимфоод“, ги посети жените во просториите на „Бимфоод“, каде што се одвиваше подготовката на специјалитетот.

Проданоски истакна дека враќањето и негувањето на традицијата е особено важно, нагласувајќи дека во подготовките учествуваат и млади генерации, кои на тој начин учат за културното наследство на градот.

По повод празникот Св. Никола, градоначалникот ги повика сите граѓани и посетители на 19 декември да бидат дел од чествувањето на градската слава, која, како што нагласи, симболизира мирољубивост, смирение и љубов.

Чествувањето ќе започне во 08:00 часот со Архиерејска божествена литургија во храмот „Св. Благовештение“, со која ќе чиноначалствува Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар. Во 12:00 часот ќе се одржат водосветот и прережувањето на празничниот колач пред параклисот „Св. Никола“ во центарот на градот.

По официјалниот дел, за сите добронамерници ќе биде послужена празнична посна светиниколска трпеза во централното градско подрачје. Во рамки на градската слава, на плоштадот „Александрија“ ќе се одржи и пригодна забавна програма, а на Камената бина ќе настапи прилепската музичка група „Тајфата“.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран