
Во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп денеска се одржа светата литургија по повод Богојавление – Водици, традиционалниот празник кој го одбележува Крштевањето на Исус Христос во реката Јордан од страна на Јован Крстител. На литургијата, покрај голем број верници, присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

Во чест на празникот, симболично беа пуштени гулаби, како знак на мир и Божји благослов врз сите присутни.

„Бог се јави! За многу години празникот, Богојавление – Водици!“, напиша градоначалникот Проданоски на своите социјални мрежи, честитајќи го празникот на граѓаните.



























