УТРО.мк

Проданоски: Честит Рамазан Бајрам – мир и благосостојба за сите граѓани

Проданоски: Честит Рамазан Бајрам – мир и благосостојба за сите граѓани
Vero

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

Во својата порака, Проданоски им посака мир, здравје, радост и благосостојба на сите верници, нагласувајќи дека празничните денови се време кога се истакнуваат вредностите на солидарноста, меѓусебната почит и заедништвото.

Тој порача дека токму овие вредности треба да бидат водилка за градење подобра иднина и посилна заедница, потенцирајќи дека само преку единство може да се постигне напредок и просперитет во општеството.

„Да ги негуваме заедничките вредности на хуманост, разбирање и почит, бидејќи само сплотени можеме да изградиме посилна, посреќна и понапредна заедница“, се наведува во честитката на Проданоски.

На крајот од пораката, градоначалникот им го честита празникот на сите граѓани со зборовите: „Честит Рамазан Бајрам.“

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран