На 08.09.2025 во 15:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.В.(46) од Романија. При гранична контрола и преглед на патничко возило „дачиа“ со романски национални ознаки, кое го управувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.