Крушево – Синоќа официјално беше отворен Новогодишниот базар во Крушево, кој и оваа година донесе празнична атмосфера и зимска магија во градот под облаците.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title

Со празнично украсени штандови, светилки и топла атмосфера, базарот понуди рачно изработени украси, подароци, локални производи и гастрономски специјалитети, привлекувајќи голем број жители и посетители уште на првата вечер.

Отворањето помина во пријатна и весела атмосфера, а организаторите најавуваат дека во наредните денови посетителите ќе можат да уживаат и во дополнителни културно-забавни содржини, со посебен акцент на празничната понуда и дружењето на отворено.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Новогодишниот базар ќе биде отворен до почетокот на јануари, со цел да им понуди на граѓаните и туристите простор за прошетка, празнично уживање и подготовка за новогодишните празници.



























