УТРО.мк

Планиран прекин на струја утре во две тетовски села

Планиран прекин на струја утре во две тетовски села
Vero

Дел од тетовските села Сараќино и Ново Село утре, 22 јануари 2026 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.

Во село Сараќино, прекинот е најавен во периодот од 09:00 до 14:30 часот и ќе ги опфати објектите кои се наоѓаат во центарот на селото, од централното подрачје до црквата.

Истовремено, без струја ќе остане и дел од село Ново Село, општина Желино, во истиот временски интервал од 09:00 до 14:30 часот. Прекинот ќе ги зафати објектите кои се наоѓаат на влезот во селото.

Надлежните апелираат граѓаните навремено да ги приспособат своите обврски согласно најавениот прекин.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран