
На автопатот Скопје – Велес се случи сообраќајна несреќа како последица на одрон на карпи, камења и земја на коловозот, што го отежна и наруши одвивањето на сообраќајот на оваа фреквентна делница.
Според првичните информации, до инцидентот дошло откако одрон од околната косина паднал на патот, при што товарно возило налетало на насобраниот материјал. На терен сеуште ги нема службите за итна помош и патните служби.























