Мал авион утрово се урна во Мавровско Езеро, при што две лица се наоѓале во леталото, а едното од нив е повредено. Инцидентот бил пријавен на бројот 112, по што информацијата веднаш била проследена до надлежните служби.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, изјави дека ЦУК ја информирал СВР Тетово, Итната медицинска помош и Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово за потребната итна интервенција.
Екипите веднаш излегле на терен и работат на извлекување и обезбедување на лицата од авионот, како и на утврдување на причините за падот.



























