УТРО.мк

Коњановски: Во недела го правиме вистинскиот избор за Битола (ВИДЕО)

Коњановски: Во недела го правиме вистинскиот избор за Битола (ВИДЕО)
Vero

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, ги повика граѓаните да излезат на гласање на изборите на 19 октомври и да ја поддржат неговата визија за развој и обнова на градот.

„Оваа кампања ја минавме заедно, по улиците, во маалата и селата. Ви благодарам за секој предлог, за секоја поддршка и секоја искрена критика. Во тоа е силата на нашата заедничка визија – Битола да продолжи да се развива и да биде наш најубав дом, на кој сите ќе бидеме уште повеќе горди,“ рече Коњановски.

Тој истакна дека во изминатите четири години заедно со граѓаните покажале дека зборот може да стане дело и дека најдоброто допрва доаѓа. „Битола е еден град, едно семејство, без поделби, без исклучоци. Овие избори се избор за нашите деца, за современ и достоинствен град, за јасна визија на развој и иднина,“ додаде Коњановски.

Граѓаните ги повика да гласаат за континуитет, стабилност и нови успеси и нагласи дека неговата цел е Битола да остане обединета, горда и сплотена околу подобра иднина за сите.

Видеото може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран