УТРО.мк

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни, сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни, сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)
Vero

По снежните врнежи што ја зафатија Битола во текот на денешниот ден, сите улици во градот се целосно проодни, а сообраќајот се одвива непречено, информира градоначалникот Тони Коњановски преку социјалните мрежи.


Во објавата Коњановски посочи дека екипите на јавните претпријатија биле постојано на терен и интервенирале во текот на целиот ден и вечерта, со цел расчистување на снегот и одржување на патната инфраструктура.


Според информациите, снежните врнежи започнаа во утринските часови и во одредени делови на градот предизвикаа отежнат сообраќај, особено на споредните улици и во повисоките населени места. Поради интензитетот на врнежите, на моменти доаѓаше до повторно натрупување снег и лизгави коловози, што создаде реакции кај граѓаните.


Во текот на денот, механизацијата на ЈП „Комуналец“ и останатите надлежни служби беше ангажирана со чистење на главните булевари, крстосници и приоритетни сообраќајници, по што интервенциите продолжија и кон споредните улици. Со дополнително фрлање сол и ризла, состојбата постепено се стабилизираше.


Вечерва, како што покажуваат и објавените снимки од централните сообраќајници, улиците се исчистени, коловозите се влажни но проодни, а сообраќајот се одвива без застои.
„Сите улици во Битола се проодни. Сообраќајот се одвива непречено“, порача Коњановски, додавајќи дека службите и понатаму ќе останат во приправност доколку има нови врнежи или пад на температурите.


Од Општина Битола апелираат до возачите да бидат внимателни, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да користат соодветна зимска опрема.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран