УТРО.мк

Коњановски: Инвестициите во основното образование обезбедуваат подобри услови за учениците во Битола

Коњановски: Инвестициите во основното образование обезбедуваат подобри услови за учениците во Битола
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ООУ „Елпида Караманди“, каде во последниот период се реализирани повеќе реконструктивни зафати со цел подобрување на условите за наставно-образовниот процес.

Директорката на училиштето, Емилија Николовска-Спировски, го информираше градоначалникот дека во текот на учебната година беа реновирани две училници, еден специјализиран кабинет и дел од училишниот двор. Со реконструкцијата беа заменети подните површини со нов линолеум, поставен нов мебел – клупи и столчиња, како и реновирани санитарните простории, со што се обезбедија подобри хигиенски услови и поголема удобност за учениците.

Дополнително, беа реновирани кабинетите по хемија, биологија и природни науки, при што моментално се поставуваат нови подни плочки, со цел подобрување на лабораториските услови и подготовка за понатамошно опремување.

Во училиштниот двор е изграден мини едукативен парк, со простор за играње шах, активности како „Не лути се човече“ и детска игра „Царица“, кој поттикнува логичко размислување, тимска работа и социјализација кај учениците.

Градоначалникот Коњановски изрази задоволство од реализацијата на зафатите и потсети дека инвестирањето во образованието е една од приоритетните цели на Општина Битола, во соработка со надлежното министерство.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран