УТРО.мк

Грозданов и Крстевски во втор круг во Кочани – први избори по трагедијата во „Пулс“

Грозданов и Крстевски во втор круг во Кочани – први избори по трагедијата во „Пулс“
Vero

Во Кочани ќе се одржи втор круг од локалните избори, во кој ќе се соочат актуелниот в. д. градоначалник и независен кандидат Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов.

Според конечните резултати од 100% обработени избирачки места, Грозданов освои 5.641 глас (39,79%), додека Крстевски доби 3.394 гласа (23,94%). На третото место е кандидатот на СДСМ, Игор Христов, со 2.444 гласа или 17,24% од поддршката.

Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември, кога кочанчани повторно ќе излезат на гласање за да одлучат кој ќе го води градот во следниот мандат.

Овие избори се одвиваат во сенка на тешката трагедија во дискотеката „Пулс“, каде што животот го загубија 63 млади луѓе — настан што остави длабока трага врз градот и ја обележа политичката и општествената атмосфера во Кочани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран