УТРО.мк

Битолчани полека излегуваат на гласање – до 9 часот излезност 3,38%

Битолчани полека излегуваат на гласање – до 9 часот излезност 3,38%
Vero

Во Општина Битола гласањето за локалните избори започна навремено и без проблеми на сите 170 избирачки места. Според податоците на Државната изборна комисија, до 9 часот своето право на глас го искористиле 3,38 проценти од запишаните избирачи.

Во избирачкиот список за оваа општина се запишани 77.253 гласачи.

Гласачките места ќе бидат отворени до 19:00 часот, а по тој термин ќе можат да гласаат само лицата кои во моментот на затворањето се наоѓаат во избирачкиот објект.

Процесот на гласање се одвива мирно, без пријавени нерегуларности, соопштуваат од Општинската изборна комисија Битола.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран