УТРО.мк

Зошто осум министри за правда Албанци не го отворија прашањето за испит на албански

Зошто осум министри за правда Албанци не го отворија прашањето за испит на албански
Vero

Прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик повторно се актуелизира во јавноста, отворајќи дебата за тоа зошто оваа тема не била решена во изминатите децении, иако повеќе министри за правда од албанската етничка заедница биле дел од владите.

Во последните 27 години, вкупно осум министри за правда биле Албанци, предложени од различни политички партии. Сепак, и покрај нивното учество во извршната власт, прашањето за воведување на албанскиот јазик при полагањето на правосудниот испит останува отворено.

Со исклучок на Џевдет Насуфи, кој ја извршувал функцијата во периодот пред потпишувањето на Охридски рамковен договор, останатите министри имале можност да го покренат ова прашање во рамки на своите мандати. Меѓу нив се Иџет Мемети, Исмаил Дарлишта, Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билен Салиу и Кренар Лога.

Дел од јавноста поставува прашање зошто ниту еден од нив не иницирал конкретни законски измени или не презел политичка одговорност во форма на оставка, доколку сметал дека постои неправда во системот.

Од друга страна, според изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, барањето за полагање на правосудниот испит исклучиво на албански јазик е спротивно на уставните одредби и на принципите утврдени со Рамковниот договор, кој е составен дел од правниот поредок на државата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран