УТРО.мк

ЖРСМ Инфраструктура: Работиме на надминување на проблемите наследени од недомаќинското работење во минатото

ЖРСМ Инфраструктура: Работиме на надминување на проблемите наследени од недомаќинското работење во минатото
Vero

ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје соопшти дека презема мерки за надминување на проблемите утврдени во ревизорскиот извештај за 2024 година, преку уредување на имотната евиденција, нови финансиски процедури и забрзување на инфраструктурните проекти.

Од претпријатието посочуваат дека наодите на Државниот завод за ревизија опфаќаат управување со имотот, реализација на проекти, финансиско и материјално работење, како и организациски и кадровски прашања. Според нив, значаен дел од состојбите се долгогодишни, а некои се наталожувале со децении.

„За поголем дел од утврдените состојби веќе се донесени акти, започнати се постапки или се постигнати резултати што можат да се потврдат со документација“, наведуваат од ЖРСМ Инфраструктура.

Во делот на имотот, интензивирани се постапките за евидентирање и правно уредување на железничките објекти и земјиштето под пруга. Од претпријатието информираат дека е изготвен најголемиот дел од потребната геодетска документација и дека пред надлежните институции се започнати постапки за запишување.

За подобрување на финансиското и материјалното работење се донесени нови процедури за управување со залихите, нови сметководствени политики и дополнителни контролни механизми. Дел од залихите што потекнуваат од деведесеттите години веќе се користат за одржување на железничката инфраструктура.

Во однос на Коридорот 8, од претпријатието наведуваат дека изградбата на делницата Бељаковце – Крива Паланка достигнала вкупен физички напредок од 45 проценти. По преземените активности за решавање на дел од техничките и проектантските прашања, зголемени се обемот и динамиката на градежните работи.

Според соопштението, во 2026 година е забележан месечен напредок од над два процента, кој претпријатието го оценува како рекорден, а изведувачот има ангажирано повеќе од 650 лица.

Паралелно се работи на кадровската стабилност и на обезбедување услови за непречен и безбеден железнички сообраќај. Донесен е и петгодишен план за одржување на инфраструктурата, наменет за попредвидливо планирање и организирање на активностите.

Од ЖРСМ Инфраструктура признаваат дека дел од отворените прашања сè уште бараат дополнителна работа и време. Порачуваат дека ќе продолжат со спроведување на ревизорските препораки, со приоритет на безбедноста, одговорното користење на ресурсите и ефикасното управување со јавните средства.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран