УТРО.мк

Желките од Преспа пред исчезнување до 2083: Демографскиот јаз што ја разнишува популацијата

Желките од Преспа пред исчезнување до 2083: Демографскиот јаз што ја разнишува популацијата
Vero

Островот среде Преспанско Езеро тивко се соочува со сопствена демографска драма. На Голем Град, познат по недопрената природа и колониите влекачи, се одвива борба што не се гледа на прв поглед – борба за опстанок на женките од видот Ридска желка.

Приказната деновиве одекна и надвор од земјава, откако угледниот The New York Times објави репортажа за необичната и загрижувачка состојба на островот. Иако популацијата брои околу илјада единки, бројката крие опасен парадокс: на секоја возрасна женка доаѓаат дури 19 мажјаци.

Constant Sexual Aggression Drives Female Tortoises to Walk Off Cliffs – The New York Times

Зад овие податоци стои долгогодишната работа на македонскиот херпетолог Драган Арсовски, чие истражување беше објавено во научното списание Ecology Letters. Неговите анализи покажуваат дека токму ваквата полова нерамнотежа создава постојан притисок врз малкуте женки. Тие се изложени на непрекинато прогонување, физички повреди и хроничен стрес што директно го скратува нивниот животен век.

Со години островот служи како природна лабораторија за следење на дивите популации, нема индустрија, нема загадување, нема уништени живеалишта. Сепак, кризата е реална – и доаѓа одвнатре. Машката агресивност станува доминантна сила што ја разнишува стабилноста на целата заедница. Забележани се дури и обиди за парење меѓу мажјаци – симптом на длабоко нарушена социјална рамнотежа.

Највознемирувачки се сцените што ги бележат истражувачите: женки кои, обидувајќи се да избегаат од постојаниот притисок, се искачуваат по стрмните карпи и завршуваат во провалија. Научните модели предупредуваат дека, ако трендот продолжи, последната женка на островот би можела да исчезне до 2083 година – датум што звучи далечно, но во еволутивни рамки е алармантно блиску.

Како дошло до ваков расплет? Една од хипотезите упатува на човечки фактор – можно е желките во минатото да биле донесени на островот во нерамномерен полов сооднос. Дополнителна мистерија претставуваат врежаните бројки на оклопите на најстарите мажјаци, нем сведок на некаква интервенција од минатото, но без јасен одговор за потеклото.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран