
Краток, но јасно почувствуван земјотрес се почувствува во југозападна Македонија синоќа. Во 22 часот и 6 минути, сеизмолошките инструменти на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираа потрес со епицентар во охридско-струшкиот регион, во поширокото подрачје Пештани–Охрид–Струга, на оддалеченост од околу 103 километри од главниот град.
Според првичните анализи, земјотресот имал локална магнитуда од 2,8 степени според Рихтеровата скала. Иако релативно слаб, потресот бил осетен меѓу жителите на Охрид и околните населени места, каде што е регистриран интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.



























