
Грејната сезона денес (15 април 2026), формално завршува, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), но греењето нема да биде целосно исклучено веднаш.
По завршувањето на официјалниот рок, стартува преоден период кој ќе трае до 30 април, во кој системот за топлинска енергија ќе функционира според временските услови, а не според однапред фиксиран календар.
Тоа значи дека радијаторите може повторно да се вклучат доколку температурите паднат. Според правилата, доколку прогнозите од Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажат дека просечната дневна температура е 12 степени или пониска, снабдувачите се должни да испорачаат топлинска енергија.























