УТРО.мк

ВЛЕН го прашува Ахмети: „Каде е факелот за Груби?“

ВЛЕН го прашува Ахмети: „Каде е факелот за Груби?“
Vero

ВЛЕН упати критики до раководството на ДУИ по излегувањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби од куќен притвор, оценувајќи дека престанокот на оваа мерка не значи и крај на судската постапка против него.

Во објавата насловена „Каде е факелот на Ахмети за Груби?“, од ВЛЕН тврдат дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се обидувал замената на куќниот притвор со поблаги мерки да ја претстави како лична заслуга.

Критики упатуваат и до Бујар Османи, обвинувајќи го дека со последните јавни настапи го променил односот кон Груби во споредба со изјавите што ги давал за време на кампањата за локалните избори.

ВЛЕН го критикува и пречекот организиран од поддржувачите на Груби, оценувајќи го како политички театар. Воедно, ја отвора можноста неговото враќање во јавноста да ги продлабочи внатрешните несогласувања во ДУИ.

Според ВЛЕН, политичкото однесување и начинот на комуникација на Груби му наштетиле на рејтингот на ДУИ, а неговото натамошно влијание би ги отежнало потребните кадровски промени во партијата. Оттаму оценуваат дека таквиот развој би им одел во прилог на идни избори.

Во објавата се изнесуваат и обвинувања за користење стари врски на ДУИ во правосудството, без да бидат приложени докази за тие тврдења.

Куќниот притвор истече поради законскиот рок

Според претходно објавеното судско појаснување, мерката куќен притвор за Груби истече на 13 октомври, по изминати 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог. Тој е обвинет во предметот „Државна лотарија“ за злоупотреба на службената положба и овластување, а на судењето се изјасни како невин.

Иако ВЛЕН во реакцијата споменува гаранција од 350.000 евра, претходните информации за предлогот на одбраната наведуваат сума од 335.707 евра, понудена за укинување на мерката за одземање на пасошот. Според извештајот објавен на 13 октомври, за тоа барање тогаш сè уште немало одлука.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран