УТРО.мк

ВЛЕН: ДУИ со години го игнорира правото на албанските студенти за правосуден испит на мајчин јазик

ВЛЕН: ДУИ со години го игнорира правото на албанските студенти за правосуден испит на мајчин јазик
Vero

Коалицијата ВЛЕН излезе со нова реакција во која упатува сериозни обвинувања кон ДУИ за, како што велат, долгогодишен неуспех и свесно занемарување на правото на албанските студенти да го полагаат правосудниот испит на мајчин јазик.


Во соопштението се наведува дека во периодот кога Министерството за правда било раководено од албански министри – Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билен Салиу и Кренар Лога – не бил направен никаков напредок во решавањето на овој проблем. Според ВЛЕН, и покрај, како што велат, пет мандати и бројни можности, албанските студенти и понатаму се соочуваат со ограничувања.


Дополнително, од коалицијата посочуваат дека во времето на мандатот на Кренар Лога, во Комисијата за правосуден испит бил вклучен и Бујар Ахмети, роднина на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, што според нив покажува дека, како што велат, и институционалната и кадровската моќ била во рацете на истата структура, но без конкретни резултати.


Во реакцијата се споменува и документ потпишан од Талат Џафери, за кој ВЛЕН тврди дека ја потврдува, како што велат, исклученоста на албанскиот јазик од овој процес. Тие дополнително нагласуваат дека законските решенија биле донесени со таканаречено Бадентерово мнозинство, односно со поддршка и од пратеници Албанци од редовите на ДУИ.


Од ВЛЕН оценуваат дека не станува збор за пропуст или неажурност, туку за, како што велат, свесна политика која ја остава оваа категорија студенти без еднакви можности. Во соопштението се нагласува дека ова прашање претставува пример за институционален неуспех, но и за политичка одговорност која, според нив, треба да се утврди.


Коалицијата порачува дека ќе се залага за обезбедување еднакви права и услови за сите студенти, потенцирајќи дека, според нив, времето за одговорност и конкретни решенија е веќе започнато.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран