УТРО.мк

Муцунски: „Нема време за чекање, се ближиме кон 2030“

Муцунски: „Нема време за чекање, се ближиме кон 2030“
Vero

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Женева ја отвори пленарната сесија на Регионалниот форум за одржлив развој на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), настапувајќи и како ко-претседавач на настанот.

Во своето обраќање, тој нагласи дека светот се соочува со сè покомплексни предизвици, поради што, како што рече, е неопходно значително забрзување на спроведувањето на Агендата 2030 за одржлив развој. Посебен акцент стави на временската рамка што се скратува, истакнувајќи дека остануваат помалку од пет години до целната 2030 година, што бара поефикасно и посинхронизирано делување.

„Потребни се побрзи, попаметни и заеднички активности, засновани на конкретни и координирани чекори што ќе донесат мерливи резултати“, порача Муцунски преку објава на Фејсбук, пренесувајќи дел од пораките од форумот.

Тој посочи и дека една од главните пречки за напредок останува расцепканоста во пристапите и политиките. Според него, без посилна меѓусебна координација меѓу институциите, секторите и државите, напредокот кон Целите за одржлив развој ќе остане ограничен. Затоа, нагласи потреба од интегриран пристап што ги поврзува дипломатијата, економските политики и развојните стратегии.

Муцунски ја потврди и определбата на земјата за доследно спроведување на целите преку политики насочени кон зелена трансформација, дигитален напредок, институционално зајакнување и продлабочена регионална и меѓународна соработка.

Форумот во Женева обедини високи претставници од Обединетите нации, државите членки, како и учесници од граѓанскиот и приватниот сектор, со цел да се поттикне заеднички пристап кон одржливиот развој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран