УТРО.мк

Белгиските власти со итен повик до граѓаните: Секое семејство да има кризен комплет за наредните 3 дена

Белгиските власти со итен повик до граѓаните: Секое семејство да има кризен комплет за наредните 3 дена
Vero

Белгиските власти испраќаат јасна порака до граѓаните: подготвеноста не е паника, туку одговорност. Со новата национална кампања „Подготвени заедно“, Националниот кризен центар ја става во фокус идејата дека секое домаќинство треба да може самостојно да функционира најмалку 72 часа во случај на ненадејна криза.

Иницијативата, за која известува јавниот сервис VRT, има амбиција да ја зајакне колективната отпорност на општеството, но и да ја поттикне личната одговорност кај граѓаните. Наместо пасивно чекање на институционална помош, акцентот се става на превенција и подготвеност како прва линија на одбрана.

Министерот за внатрешни работи на Белгија, Бернар Кентин, смирува: целта не е да се создаде страв, туку свест. Во разговор за Радио 1, тој нагласи дека навремената подготовка значително го намалува притисокот во критични моменти. „Подобро е да имате сè при рака пред да ви затреба, отколку да импровизирате кога веќе е доцна“, порача министерот.

Во сржта на препораките е едноставен, но клучен чекор: подготовка на домашен комплет за итни случаи. Тој треба да вклучува доволно храна и вода за неколку дена, батериска ламба и, можеби најважно, радио на батерии. Во сценарија каде струјата и интернетот можат да откажат, токму радиото останува најсигурниот канал за официјални информации и насоки.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран